More

    Кинезите поради Украина нема да ја пренесуваат Премиер лигата

    spot_img

    Носителите на правата за пренос на натпревари од англиската Премиер лига нема да ги пренесуваат викендов поради најавата дека некои клубови и фудбалери ќе изразат поддршка за Украина, во која Русија започна инвазија.Пекинг е многу одмерен во своите реакции на руската инвазија на Украина, одбивајќи да ги осуди постапките на Москва од самиот почеток. Двајцата претседатели, Кси Џинпинг и Владимир Путин, минатиот месец во Пекинг изјавија дека нивното пријателство е „бесконечно“.

    Овој викенд во Англија неколку капитени на клубови од Премиер лигата планирале да носат панделки во боите на Украина, а пред натпреварот ќе оддадат едноминутно молчење во знак на солидарност со украинскиот народ, пишува британскиот дневен весник The Guardian.

    Овие изрази на поддршка ќе бидат видливи во меѓународен сигнал испратен до странска телевизија, а двајца носители на правата во Кина викендов го откажаа преносот на натпреварите, платформите iQiyi Sports и Migu, што предизвика разочарувачки реакции на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img