More

    Институтот Преспа ги праша граѓаните, САД се на второ место

    spot_img

    Граѓаните сметаат дека најголем пријател на Северна Македонија е Србија. За речиси 39 отсто од испитаниците, Србија е прв избор на пријателство, додека на второто место се наоѓаат САД со 17 отсто. Интересен е падот на Европската Унија, за која оваа година, споредено со 2020 се изјасниле само осум отсто.

    Ова го покажуваат наодите од „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите“ во рамки на проектот на Институтот Преспа „Надворешна политика и меѓународни односи“, во чии рамки функционираат две компоненти, Индекс за меѓународно присуство и Имиџ опсерваторија.

    Според овие наоди, овој тренд на двојство на Србија и САД се следи кај сите демографски групи и кај сите главни прашања.

    – Ако се анализираат односите со соседите, тогаш за мнозинството наши граѓани државава има многу добри или добри политички и економски односи. Притоа, за нијанса подобро се оценети економските односи, споредено со политичките. Ако се бара најголемиот пријател, тогаш и кај соседите Србија е на врвот, додека последен избор е Бугарија. Помеѓу нив следуваат Албанија, Косово и Грција. Притоа, појаснувањата се врзуваат со политичките спорови од актуелниот период, но и од минатото, етничката недоверба или блискост, како и пандемијата, постпандемиската економска криза и актуелната инвазија на Украина – истакна Андреа Стојковски при презентацијата на наодите.

    Во Имиџ опсерваторијата граѓаните зборуваат за ЕУ, државите членки и западните партнери како контрибутори за демократскиот и економски развој на Северна Македонија, меѓутоа и како донатори и партнери за трговија и економска соработка.

    – Во Имиџ опсерваторијата утврдивме дека иако нема автентичен проруски сентимент, сепак истиот се крие зад безбедната варијанта и исклучителната подложност на дезинформации и пропаганда кои ги добиваме преку блиски јазици и соседни држави – наведува Стојковски.

    Во рамките на проектот, беше спроведено канцелариско и индексно истражување во чии рамки беа користени статистички податоци од национални и меѓународни извори, други податоци од национални извори, како и податоци од мониторинг на медиуми и социјални мрежи.

    Притоа Индексот за меѓународно присуство опфаќа три димензии на присуство (економско, политичко и меко), како и 20 променливи и 48 индикатори.

    Со Индексот се следи присуството на 64 држави во период од 21 година, односно од 2000 до 2020 година. Како резултат на истражувањето прибрани се, систематизирани и обработени приближно 75.000 статистички податоци потребни за изработка на Индексот, како и приближно 4.000 статистички податоци кои се однесуваат на население, БДП и стапка на пораст на БДП.

    Преку мониторингот на медиуми и социјални медиуми пребројани се и архивирани приближно 7.000.000 статии и вести од 372 извори, приближно 77.000 објави на Facebook од верификувани страници од Северна Македонија и приближно 14.000.000 објави на Twitter од профили од Северна Македонија со најголем број на следачи и најголем опфат.

    За потребите на втората компонента, Имиџ опсерваторијата беше спроведено и теренско истражување преку анкета спроведена на репрезентативен примерок на национално ниво од 1002 полнолетни испитаници, спроведена во периодот од 10 јануари до 23 јануари 2022.

    Дополнително, во периодот од 15 февруари до 4 март 2022 беа спроведени фокус групи со полнолетни граѓани во секој од статистичките-плански региони, а паралелно со канцелариското истражување беше спроведено и квалитативно истражување преку 45 полу-структурирани интервјуа со креатори на јавното мислење и јавни политики од 5 целни групи, како и со политичари од сите идеолошки опции.

    Преку истражувањето, тимот на истражувачи утврди дека 13 од следените 64 држави биле помеѓу 10-те највисоко рангирани држави во текот на следениот период, додека во 2020 година највисоко рангираните држави се Турција, Германија, Србија, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Австрија, Италија, Полска и Словенија.

    Во однос на економското присуство, подиумот за 2020 година го сочинуваат – Турција, Обединетото Кралство и Германија. Притоа, Обединетото Кралство прави скок од дури седум места за да се најде на подиумот во 2020 година.

    Институтот Преспа наведува дека во однос на политичкото присуство, подиумот за 2020 година го сочинуваат – Германија, Полска и Унгарија. Притоа, двете највисоко рангирани држави прават сериозен скок за да го окупираат врвот. Германија бележи скок од пет позиции, додека Полска прави скок од девет позиции.

    Во однос на мекото присуство, подиумот за 2020 година го сочинуваат – Турција, САД и Бугарија. Притоа, промените во оваа димензија се минимални и значат само алтернирање на позициите за Турција и САД и благо искачување за Бугарија.

    Анализата на трендовите во секоја од димензиите и променливите покажуваат дека државите кои се традиционално на врвот, покрај соседна Србија се Германија, САД и Турција. Од друга страна, најблиските случувања од политичката криза на масовното прислушување и „бомбите“ биле искористени за значително засилување на присуството на Руската Федерација, како и минимално подобрување на позициите на Кина и уште неколку други малигни актери. Соодветно, како одговор на политичката криза и демократското опоравување на државата се бележи промена во присуството и засилено присуство на нашите западни партнери, во овој случај на Обединетото Кралство и Холандија.

    Преку Опсерваторијата се следат и економските односи на државата и она што можеше да се забележи се веќе познатите блиски врски на трговско партнерство помеѓу Северна Македонија и државите членки на Европската Унија. Речиси и да нема променлива или индикатор каде што не предничат државите членки на Унијата пред останатите држави. Само кај неколку променливи се појавуваат т.н. малигни актери, т.е. кај енергија, особено природен гас и тоа Руската Федерација, односно кај преработки и тоа Кина. Главните економски партнери на државава се Германија и

    Обединетото Кралство, додека кај странските директни инвестиции се бележи повторно јакнење на Австрија и Италија. Сепак, главната забелешка е дека се забележуваат интересни фило-религиски придвижувања во променливата за развојна помош. Тука пред се мислиме на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати што најповеќе се должи на непостоењето на база на податоци за странска помош, слабата евиденција и известување кои се прават локално и на меѓународно ниво.

    ФОТО: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img