More

    Израелските сили убиле двајца Палестинци на Западниот Брег

    spot_img

    Израелските сили убија најмалку двајца Палестинци на Западниот Брег во четвртокот во судирите по смртоносните арапски напади со 11 убиени Израелци, а во одделен напад еден Палестинец тешко рани еден патник пред да биде убиен, пренесоа агенциите.

    Според палестинското Министерство за здравство, еден 17-годишен и еден 23-годишен Палестинец загинале во судирите што избувнале за време на израелска рација.

    Израелската војска соопшти дека воените сили и граничната полиција влегле во бегалскиот камп Џенин за „да ги уапсат осомничените за терористичките напади“.

    „За време на операцијата терористите пукаа врз нашите сили. Израелските војници возвратија со оган во кој напаѓачите беа убиени. Еден израелски војник е полесно ранет“, се вели во соопштението.

    Во четвртокот, потсетува Ројтерс, Израелец бил избоден со нож во населбата Гуш Ецион на Западниот Брег.

    Агенцијата Франс прес известува за нападот на патник вооружен со нож во автобус во близина на колонијата Елазар.

    „Терорист со нож нападна патник во автобус. Сопатничката е повредена и пренесена во болница. Цивил во автобус пукал во терористот и го убил“, се вели во соопштението на израелската војска.

    Во вторникот, Палестинец од Џенин застрела пет лица во предградијата на Тел Авив, пред самиот да биде убиен, со што бројот на загинати во арапските напади во Израел во изминатата недела се зголеми на 11.

    Во неделата, на денот на израелско-арапскиот собир во јужен Израел, арапски напаѓач од северниот дел на земјата уби двајца полицајци во Хадера, град на 50 километри северно од Тел Авив. Тој исто така беше убиен, а одговорноста за нападот во Хадера ја презеде Исламската држава.

    Премиерот Нафтали Бенет најави серија мерки за, како што рече, нов бран напади. Доцна во средата, Бенет разговараше со претседателот Џо Бајден, кој, според американската амбасада, „изразил најдлабоко сочувство по ужасните терористички напади“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img