More

    Змискиот Остров повторно е главната тема во војната во Украина

    spot_img

    Змискиот Остров повторно е главната тема во војната во Украина. Откако во пет часот наутро украинските војници дошле на островот за да постават свое знаме, руските сили веднаш го ракетирале островот, тврди руското министерство за одбрана, додавајќи дека преживеаните Украинците заминале накај остров близу Одеса.

    Сликата од забодувањето на украинското знаме осамна на Твитер. Но, ако ја погледнеме пошироката околина, се гледаат и други две, веројатно руски знамиња и воено возило со ознаки „З“ од претходното руско присуство на островот кој има површина од само еден километар квадратен, но е тактичка точка во Црното Море.

     

     

    „Околу пет часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон Островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се наведува во соопштението на руското МНР.

    Тврдењата на Москва за напад врз Змискиот Остров не се независно проверени, но локалните власти во Одеса претходно објавија дека руските сили го ракетирале Змиски Остров.

     

    Змискиот Остров е стратешки важен и за Украина и за Русија. Во Црното Море има само неколку острови, а Змискиот Остров е лоциран на околу 200 километри јужно од Одеса, и од него може да се контролира целиот поморски сообраќај во близина на најголемиот пристаништен град во Украина.

    Со долгорочна окупација на островот, Русија ќе може да го блокира речиси целиот извоз на стоки преку пристаништето Одеса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img