More

    Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но „нема да направи никаков компромис за руската позиција за време на овие преговори“, изјави заменик шеф на Кабинетот, за Си-Ен-Ен.

    Иако разговорите меѓу украинските и руските министри за надворешни работи, одржани вчера  во  Анталија, не донесоа никаков голем напредок, Украина не беше премногу оптимист од самиот почеток, рече Ихор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.

    – Ова е навистина добра работа што тие се сретнаа, но за жал можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука да се запре војната, да се направи прекин на огнот, да се повлечат војниците ја носи само едно лице – рече тој, очигледно мислејќи на Путин.

    Жовква рече дека иако Зеленски е подготвен за дипломатско решение, тој не се слушнал лично со рускиот претседател или со неговите помошници.

    – Последното нешто што го слушнав од нив беше дека сѐ уште треба да работиме во формат на две делегации… Но, погледнете, дури ни договорите постигнати за време на овие преговори не се одржуваат – рече Жовква, укажувајќи на хуманитарните коридори во Украина

    Жовква рече дека Украина е отворена за неутралност „доколку НАТО блокот засега не е подготвен да ја прифати Украина“.

    – Но, во исто време, ни требаат тешки безбедносни гаранции за Украина, така што овие ужасни војни, оваа страшна агресија да не се повторат во иднина – додаде тој.

    Жовква рече дека Украина сака да соработува со Путин и нејзините соседи за да воспостави систем што тој го нарече „обновен безбедносен систем на Европа“.

    – Мојата земја, украинскиот народ заслужува да стане дел од европското семејство… Украина се бори за безбедноста на цела Европа. Значи, кога (францускиот) претседател (Емануел) Макрон зборува за можна европска безбедност, како може да зборува без да го има претседателот Зеленски на маса? Без да ги имаме претседателот Зеленски и Украина во Европската унија? – изјави Жовква.

    фото: јутјуб/принтскрин

    Очајна ситуацијата во Мариупол

    Продавниците и аптеките се ограбени. Болниците работат само делумно. Луѓе кои се борат за храна или земаат гориво од напуштени автомобили. Зеленчукот исчезнува на „црниот пазар“, а месото никаде го нема. Така, висок функционер на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во опколениот украински град Мариупол ги опиша тешките услови во градот.

    – Сите продавници и аптеки беа ограбени пред четири или пет дена. Некои луѓе сè уште имаат храна, но не сум сигурен колку долго ќе потрае – изјави Саша Волков, заменик-шеф на подделегацијата на МКЦК во Мариупол.

    Тој изјавата ја испратил во средата преку сателитски телефон од градот, каде комуникацијата со надворешниот свет во најдобар случај е тешко возможна.

    – Луѓето се разболуваат од студ и влага. Тие почнаа да се напаѓаат за храна… си ги уништуваат автомобилите едни на други за да наточат бензин. Многумина немаат вода за пиење. Подрумите кои нудат поголема безбедност од гранати и бомби се резервирани за мајки со мали деца – тврди Волков.

    МКЦК со седиште во Женева со денови се обидува да организира евакуација на 200.000 луѓе од Мариупол, кој е под опсада на руската армија.

    Хуманитарниот коридор“ од Мариупол ќе биде отворен денеска?

    Украина се надева дека денеска ќе биде успешно отворен „хуманитарен коридор“ за цивилите да го напуштат опколениот јужен пристаништен град Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

    Напорите да се обезбеди безбеден премин за блокираните жители на Мариупол да си заминат во текот на оваа недела беа неуспешни.

    На речиси 18 милиони Украинци ќе им треба хуманитарна помош

    Меѓународната федерација на друштвата на Црвената полумесечина и Црвениот крст (ИФРЦ) објавија дека се предвидува дека 18 милиони луѓе ќе имаат потреба од помош поради конфликтот во Украина, каде што продолжуваат руските напади.

    Во соопштението на ИФРЦ се наведува дека последиците од конфликтот негативно влијаеле на здравствениот систем и дека ситуацијата може да предизвика „тешки здравствени кризи“, вклучително и зголемување на ширењето на епидемијата со ковид-19 во земјата.

    Објавено е дека повеќе од 2,3 милиони луѓе се засолниле во соседните земји поради двонеделниот конфликт, а се проценува дека речиси 18 милиони луѓе, што одговара на една третина од населението во земјата, ќе имаат потреба од хуманитарна помош.

    Биржит Бишоф Ебесен, регионален директор на ИФРЦ за Европа, истакна дека многу Украинци станале незаштитени поради конфликтот.

    – Покрај храна, вода и засолниште, итните здравствени служби и психолошката поддршка треба да преземат заштитни мерки за да се спречи голема хуманитарна криза – нагласи Ебесен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img