More

    Зајкова ја мерка лидерската позиција во ЛДП

    spot_img

    Со задоволство би ја водела партијата ЛДП, ама за министерска фотелја немам никакви амбиции. Ова во разговор за Плусинфо го рече пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова, за која гласно се зборува дека ќе го наследи претседателското место во партијата од кое сам се откажа Горан Милевски, но и дека токму таа ќе го заземе испразнетото министерско место во Министерството за локална самоуправа.

    – Ништо не е официјално. Претседателот Милевски најави дека од лични причини се повлекува од лидерската позиција во ЛДП, па јас не би сакала да зборувам во негово име. Ние сме во постојана комуникација и координација околу партискиот дел, а јас во неколку наврати веќе кажав дека партијата треба да остане обединета. Доколку биде донесена одлука поддржана од членството, јас со задоволство би го прифатила предизвикот да го наследам Милевски на чело на партијата, а со тоа би станала и првата жена која застанала на лидерската позиција на ЛДП. Имам своја визија и програма за тоа како треба да изгледа и да работи партијата во иднина – објасни Зајкова.

    Во делот на шпекулациите дека токму таа ќе го наследи Милевски и на позицијата министер за локална самоуправа, Зајкова вели дека нема такви амбиции.

    – Еве сега и официјално ќе изјавам дека јас немам апсолутно никакви амбиции да седнам во министерската фотелја. Сметам дека можам повеќе да придонесам доколку бидам избрана за лидер на ЛДП, отколку да бидам министерка. За тоа испразнето министерско место, кое и понатаму ќе остане на ЛДП, ќе дискутираме на Централен одбор – ни изјави Зајкова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img