More

    Екс-директорот на Градски паркинг Христовски контра градоначалничката на Скопје

    spot_img

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на својот профил на Фејсбук објави лага, која е несоодветна за профил на личност на ниво на градоначалник – изјави во настап на Радио Лидер поранешниот в.д. директор на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски.

    – Некако многу бргу се разрешуваат директори. Беше многу специфична ситуацијата како по објава на еден портал, без притоа да имаме некаков институционален одговор или некаква пријава, или барање до обвинителство, така само на една приказна да се разрешува директор. Па, нешто слично видовме и претходно и со директорот на Зоолошка градина, каде што слушнавме за некакво хранење на животни, па беше разрешен. Па тука е и пукањето на брат му на Зуди Кока, па беше разрешен. А, тоа што вчера го видов на профилот на градоначалничката Арсовска искрено ме изненади. Профил на личност на ниво на градоначалник да кажува таква лага на социјални мрежи искрено не беше за мене соодветно, само бев изненаден – вели Христовски.

    Тој посочи дека поднел оставка бидејќи не сакал да биде дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје.

    – После тоа што го видовме, после тоа што се случи, не сакајќи да бидам дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје, воедно би кажал и за ситуацијата во Градски Паркинг, соработката и несоработката со Град Скопје, едноставно решив јас, а во исто време и директорот на Дрисла, да си дадеме неотповиклива оставка од позицијата. Едноставно, тоа беше самоволно, самостојна одлука. Пишав статус на Фејсбук и во исто време однесов документ со кој што и официјално, формално барам од Град Скопје да ми се прекине функцијата В.Д. директор во Градски паркинг – појасни тој.

    Тој додаде дека тоа што објавила градоначалничката на социјални медиуми е лага. Градоначалничката во ниту еден момент нема побарано од него да си поднесе оставка.

    – Во овие осум месеци со градоначалничката имаме остварено тет – а – тет средби еднаш или двапати. Уште неколку пати можеби се имаме видено на заеднички состаноци и тоа е се. Нашата комуникација генерално се сведува на пишување на пораки – рече Христовски.

    Тој истакна дека градоначалничката дури го избришала од социјалните медиуми. Христовски и порача на Арсовска да ја говори вистината колку и да е сурова.

    – Да ја говори вистината колку и да е сурова, не е убаво на јавна сцена да се кажуваат невистини како што беше ова – порача Христовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img