More

    Досегашниот тренер на Виљареал, Унаи Емери се прости од шпанскиот тим

    spot_img

    Досегашниот тренер на Виљареал, Унаи Емери се прости од шпанскиот тим. Претходно, фудбалскиот стручњак беше назначен за нов шеф на стручниот штаб на Астон Вила.

    – Виљареал е мојот дом во последните 2,5 години. Мојот дом, а не мојот клуб. Јас лично учествував во проектот промовиран од семејството Роиг и нашиот сакан Хозе Мануел Ланес. Благодарност до играчите и навивачите кои ни одржаа лекција за лојалност – изјави Емери.

    Тој потенцира дека секое утро среќен одел на работа, бидејќи чувствувал почит во тимот. Истакна дека уживал во секој ден во Виљареал и дека збогувањето не му е лесно.– Денес, откако го направив ова, можам да им кажам на навивачите, клубот и моите играчи дека не ни сонував дека ќе бидам толку среќен како што бев со сите ва -, го цитира Емери прес-службата на Виљареал.

    Шпанскиот стручњак ќе започне со работа со новиот тим на 1 ноември, кога ќе ги комплетира сите потребни документи за работа во Англија.

    Астон Вила досега ја предводеше Стивен Џерард. Тимот од Бирмингем собра 12 бода од 12 натпревари оваа сезона и е 14-та позиција во Премиер лигата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img