More

    Додека возачите на ЈСП се пред Градот, Арсовска автобусите ќе ги паркира пред Влада

    spot_img

    На протестот кој го најавија возачите на ЈСП затоа што немаат земено плата, градоначалничката Данела Арсовска ќе одговори со контра-протест.

    Како што рече Арсовска на денешната прес-конференција, додека вработените во претпријатието ќе протестираат против градската власт затоа што немаат добиено средства за нивната работа, таа најави дека автобусите ќе ги стави пред сите институции во Скопје да стојат и блокираат сообраќај, сѐ додека државата не го плати долгот кој го има кон ЈСП.

    Градоначалничката вели дека државата треба да ги исплати долгот пред сѐ од човечки аспект, а додаде дека нема начин како присилно да го наплати долгот.

    – Проблемот е во сите оние во оваа држава кои не си ги почитуваат обврските. Да, јавниот автобуски превоз ќе биде бесплатен како што беше најавено во програмата „За модерно Скопје“, тоа опфаќа целосно бесплатен јавен превоз во првите две години од почнувањето на мандатот, што значи во втората половина на следната година, бесплатен јавен превоз ќе има. Меѓутоа, со опструирање на сите институции во државата кои 30 години ја изедоа оваа држава, ние не можеме да градиме поквалитетен град, ниту поквалитетна држава. Секој треба да ја сноси својата одговорност и обврска. Тоа значи дека ако некој должи над 2 милиони евра, не треба да прашува како ќе има бесплатен јавен превоз туку треба да ги плати своите обврски. Истото се однесува за централната, но и единиците на локалната власт кои не си ги подмируваат обврските. Наша задача е да го испорачаме тоа што сме го ветиле на граѓаните, но има други фактори и сите ќе сносат одговорност доколку го саботираат процесот – рече Арсовска.

    Долгот на Министерството за образование кон ЈСП Скопје е 120 милиони денари, сума која е мала во однос на долговите кои ги има претпријатието. За плати се потребни само 60 милиони денари, што би значело дека и да се плати долгот од МОН, ќе има само за две плати, но Арсовска немаше конкретен одговор на ова новинарско прашање, туку го пофали менаџментот на јавното претпријатие.

    – Во овој момент раководството на ЈСП го има најдобриот начин на менаџмент кој можел некогаш да се добие. Вистинските прашања никогаш не се поставуваат, секогаш се сака да се манипулира со јавноста и да се праша како нешто ќе се направи, а не се прашува како се довело до оваа состојба. Ние сме ги гледале и следеле состојбите, меѓутоа во овој буџет и оваа буџетска година, тие средства биле планирани и предвидени да се покријат четири плати колку што има до крајот на годината. Треба тие средства фино и убаво да им се каже на институциите и да отидете оттука да се префрлите пред Владата и сите кои ги имаат овие долгови и да ги прашате зошто во своите ребаланси тоа што им е испорачано како услуга, да ги сервисираат обврските кон ЈСП, но тие најверојатно ги имаат избришано. Тоа значи дека немаат намера да ги плаќаат? Кој сакаат да ги плаќа? Дали има граѓанин во државава којшто нема да ги плати обврските нема да биде даден на извршител и да ги плати истите? – праша Арсовска.

    Со паркирање на автобусите пред Владата и институциите кои смета дека ја саботираат неа и нејзините директори во претпријатија, смета дека ќе изврши притисок ЈСП да добие пари, со кои подоцна, ќе ги исплати платите кон вработените.

    Арсовска пред новинарите призна дека низ скопските улици изминатиот период не се обраќаат истите линии, во предвидените термини, за да превезуваат патници.

    – Одговорноста треба да се бара кај тој што целиот процес го саботира. Јавниот интерес треба да биде пред сѐ. Треба да се обезбеди најдобрата услуга за граѓани – кажа Арсовска.

    Според неа, има превработеност во администрацијата на ЈСП. Таа вели дека обврска која треба да ја сработи еден човек, во моментов ја работеле тројца.

    – Никој не се запрашал која е потребата од тие. Зошто се трошеле по 60 милиони на плати на луѓе – рече Арсовска.

    Градоначалничката Арсовска не се откажува од ветеното и најави дека јавниот автобуски превоз ќе биде бесплатен токму онака како што беше најавено во програмата „За модерно Скопје“ и тоа опфаќа целосно јавен градски превоз во првите две години од отпочнувањето на мандатот што значи дека во втората половина на следната година бесплатен јавен превоз ќе има во втората половина од 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img