More

    Димитров: Не знам која верзија ја читате, Илинденското востание е Илинденско во македонската верзија!

    spot_img

    Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров му одговори на обвинувањата на сегашниот министер Бујар Османи дека во 2019 година прифатил промена на името на Илинденското востание во „Илинден-Преображение“.

    Димитров во пост на Фејсбук обвинува дека Османи спинува и манипулира со клучните делови од билатералниот договор од 2019 година и повторува бугарски тези во врска со одделни прашања.

    Го пренесуваме одговорот во целост:

    „Навистина? Ама дали навистина?

    На сите изнесени грижи и прашања, не само од мене, туку од целата домашна јавност, вие повторно со бгнес спинувања?
    Чија пропаганда терате?
    Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ.
    Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена.
    Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања.
    Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот.
    Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена.
    Една лага не ви поминува, една!
    Доста се бавите со мене!
    Одговори чекаме.
    Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па потоа слободно продолжете со личната опсесија. Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па сите хистерични веднаш ќе се упристоиме“.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img