More

    Децата ни годинава немале настава од основно образование

    spot_img

    Народниот правобранител по добиено сознание дека штитениците упатени во Воспитно-поправен дом Волковија во Тетово, во учебната 2022/2023 година од октомври не го остваруваат уставно загарантираното право на образование, поради истек на договорите на наставниците од Основното училиштето за возрасни „Антон Семјонович – Макаренко” од Скопје, оформи предмет по сопствена иницијатива, со цел да го истражи случајот, кој МИА во претходниот период го актелизираше во два наврати.

    Заради целосно и правилно утврдување на фактичката состојба во врска со (не)остварување на правото на образование на штитениците во Домот, тим советници од Одделот за заштита на правата на детето извршија непосреден увид во ВПД.

    Народниот правобранител му препорачува на Министерството за образование и наука како надлежен орган, без одлагање да преземе мерки и во соработка со надлежните образовни институции и локалната самоуправа, итно на заедничка средба да го разгледаат ова прашање заради воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД „Тетово”.

    Во оваа насока, според Народниот правобранител, ненавременото обновување на договори на наставен кадар, не смее да претставува пречка за остварување на правото на образование на децата во ВПД „Тетово”, ниту законското право на формално образование (задолжително и бесплатно) да биде заменето со програма за ниво на образование.

    За преземените мерки и активности од страна на Министерството за решавање на постојниот проблем, кој несоменено бара итна интервенција, Народниот правобранител бара да го известат во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 15 дена, согласно член 34 од Законот за народниот правобранител.

    Народниот правобранител во врска со наодите за образовниот процес во ВПД „Тетово”, до Министерството за образование и наука достави ја достави следнава Информација со предлог за преземање мерки.

    – Конкретно, на 17.10.2022 година, остварена е посета и увид во Воспитно- поправниот дом „Тетово” – село Волковија, при што е извршен разговор со директорот на установата, заменик-директорот, со вработените стручни лица (раководител на Одделот за третман, психолог, воспитувачи, инструктор, медицинска сестра), како и разговор со штитениците. Исто така, извршен е увид во просторните услови во ВПДомот, како и увид во документацијата. Притоа, утврдена е следната фактичка состојба:

     

    – Во ВПД Волковија Тетово на денот на посета затекнавме има 20 штитеници, на кои им е изречена мерка во времетраење од 1 до 5 години.

    – Во однос на степенот на образование на штитениците, утврдено е дека вкупно 9 (девет) се деца на возраст од 14-18 години, кои се без никакво образование, односно без започнат образован процес (1 дете – има 14 години, 3 се по 16 години, 4 имаат по 17 години и 1- има 18 години).

    – 7 (седум) штитеници се со нецелосно основно образование, и тоа: 1 (еден) штитеник на возраст од 21 година, има завршено второ одделение; 2 (два) штитеници на возраст од 18 и 19 години се со завршено четврто одделение; 1 (еден) штитеник на возраст од 15 години има завршено петто одделение и 3 (три) штитеници на возраст од 18, 19 и 20 години имаат завршено седмо одделение.

    -1 (еден) штитеник на возраст од 21 година има завршено основно образование и 2 (два) штитетници на возраст од 19 и 22 години имаат завршено средно образование,

    – 1 штитеник, на возраст од 21 година, што се води на список на штитеници е со завршено основно образование, моментално се наоѓа во здравствена установа и сѐ уште не започнал со издржување на казната во ВП Домот.

    Во разговор со директорот добиена е информација дека во 2021 година, во Домот се спроведувало основно образование, организирано преку проект на УНДП и Министерството за образование, во две опремени училници, на начин што на децата со некомплетно образование им било извршено тестирање од најблиското ООУ „Гоце Делчев”, село Стенче, општина Брвеница. Согласно резултатите од тестирањата децата биле поделени во две групи и преку директно уч ство биле вклучени во програма во времетраење од 11.11.2020 година до 24.06.2021 година. По завршување на програмата, на 30.12.2021 година, на штитениците им била издадена Потврда за стекнато ниво на основно образование.

    Видно од самата потврда, стекнатата квалификација може да послужи за понатамошно образовно надградување согласно Националните рамки за квалификации. Воедно, во потврдата е наведено оваа програма не подразбира стекнување право на професионален статус.

    Народниот правобранител, имајќи ја предвид важноста на образованието врз развојот на личноста на секое дете, вклучително и на децата упатени на издржување мерка во ВПД, потсетува на член 4 од Законот за образование на возрасните („Сл. весник на Р.М” бр.7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) според кој, целта на образованието на возрасните е да се обезбеди можност за стекнување на соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да овозможи истите да стекнат знаења, вештини и ставови кои ќе бидат во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот.

    Воедно, според овој согласно погоре наведениот Закон, диплома, свидетелство и уверение претставуваат јавни исправи со кои се потврдува завршувањето на одредена јавна програма за образование за возрасните, додека пак, под поимот Посебни програми се подразбираат програми за неформално образование за стекнување на знаења, вештини и компетенции.

    Исто така, добиена е информација дека, со оглед на возраста на штитениците, во период од 01.06.2022 до 07.10.2022 година, во соработка помеѓу МОН и УНДП штитениците следеле настава, на начин што 7 наставници од училиштето за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко” (АС Макаренко), со договор биле распределени секојдневно да одржуваат настава во Домот, и по завршување на проектот штитениците сѐ уште не се здобиле со каков било документ.

    Од увидот во документацијата, Народниот правобранител утврди дека во текот на август 2022 година од страна на директорот на ВПД бил доставен допис до Министерство за правда-Управа за извршување на санкции Скопје, заедно со Список на осудени лица без оформено образование. Дополнително, во разговор со директорот добиени се сознанија дека тој остварил и неколку средби со Директорот на Основното училиште за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко” заради при должување на образовниот процес на штитениците од Домот.

    Моментално, поради непродолжени договори на наставниците, штитениците од ВПД не се вклучени во образовниот процес, поточно од 10.10.2022 година штитениците во ВПД се без не го остваруваат правото на образование.

    Инаку, при посетата на ВПД, во разговор со штитениците добиена е информација дека истите сакаат да бидат вклучени во образовниот процес, им недостасува наставата, со оглед дека сакаат да се описменат кое нешто ќе им користи во иднина по напуштање на Домот, и како што наведоа, кога следат образование поисполнет им е денот со активности.

    При увидот во ВПД констатирано е дека има библиотека со книги кои можат да ги користат штитениците, но поради неписменост или нецелосно оформеното образование ретко кој може да ги користи.

    Народниот правобранител, и претходно, со допис – Укажување за нашинот на отстранување на констатираните повреди НПР бр.1840/1 од 14.06.2022 година, укажа на Министерството за образование дека на штитениците во Домот не им е овозможено да посетуваат настава, ниту во, ниту надвор од Установата, при што препорача Министерството итно да преземе мерки за да се организира образованието за овие деца, која обврска и надлежност произлегува од чл.173 од Законот за извршување на санкции.

    Имено, согласно овој член образованието може да се организира и надвор од Домот во најблиското подрачно училиште, додека пак, согласно чл.15 од Законот за основно образование, основното образование се организира и остварува и во здравствени установи, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, како и во домашни услови, а пак, согласно чл.53 т.12 од Законот, кога наставата не може да се организира по одделенија во паралелки за учениците во здравствени установи, казнено-поправни или воспитно-поправни установи, најблиското основно училиште ораганизира индивидуална или групна воспитно-образовна програма.

    Народниот правобранител, го има предвид одговорот добиен од страна на Министерството, согласно кој, Министерството со допис – Известување бр.12-4716/1 од 13.04.2022 година, се обратило до ООУ „Гоце Делчев” с.Стенче, Брвеница побарало со барање за обезбедување на наставен кадар за реализација на наставата во ВПД Тетово, па по добиен одговор дека училиштето има недостаток на кадар, МОН се обратило до ОУ за возрасни „АС Макаренко” Скопје, при што се известува дека е отпочната постапка за реализација на наставата во Домот. Меѓутоа, моменталната состојба во ВПД е таква што од 10.10.2022 година за штитениците од Домот нема образовен процес, сѐ уште не е обезбеден кадар и децата не следат ниту посетуваат каква било настава.

    За Народниот правобранител загрижувачки е фактот дека образованието во ВПД Тетово се реализираше како проект, при што на штитениците им се издаваат Потврди, а не свидетелства кои имаат карактер на јавна исправа. Од друга страна проектното образование во никој случај не претставува образовен процес, а образованието согласно Устав и Закон е задолжително и треба да е достапно на сите деца, под еднакви услови, без дискриминација по кој било основ.

    Исто така, Народниот правобранител го има предвид определеното во Законот за правда на децата, според кој, воспитно-поправниот дом предвиден е како специјализирана воспитна установа, каде е потребно да се обезбеди посебна образовно-стручна програма и со посебен режим на обезбедување, така што корисниците издржуваат мерка која се состои во лишување од слобода на детето и негово вклучување во општа образовна програма или програма за стручно оспособување. Оттука, третманот на детето во воспитно-поправниот дом потребно е да биде организиран така што неопходно е да бидат обезбедени услови за основно и средно образование и воспитание, за стекнување и развивање на позитивни навики, на вредносни особини и за работно остручување и оспособување за одделни занимања. Децата кои ќе се здобијат со квалификации во воспитно-поправниот дом потребно е да добијат свидетелство, од кое не смее да биде видно дека тоа е добиено во домот, се наведува во Информацијата од Народниот правобранител доставена до министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img