More

    Делегации од Финска и Шведска денес ќе пристигнат во Анкара

    spot_img

    Делегации од Финска и Шведска денеска ќе пристигнат во Анкара за да разговараат со турските власти за членството на двете скандинавски земји во НАТО, објави „А Хабер“.

    Според информациите, делегациите на двете земји ќе се сретнат со Ибрахим Калан, советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Седат Јонал, заменик министер за надворешни работи на Турција. Средбите ќе се одржат во Претседателската палата и во Министерството за надворешни работи.

    Турција се спротивставува на кандидатурите на НАТО и Шведска за НАТО, обвинувајќи ги двете скандинавски земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации, вклучително и Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација. Покрај тоа, Анкара се залага за укинување на ограничувањата наметнати од двете скандинавски земји, како и нејзините сојузници во НАТО, за извоз на одбранбена опрема за Турција.

    Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО на 18 мај. Сепак, тоа нема да ги спречи да учествуваат на НАТО самитот во Мадрид од 28 до 30 јуни. Ова денеска од форумот во местото Давос во Швајцарија го потврди Педро Санчез, премиерот на Шпанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img