More

    Девојчето кое од бункер од Киев ја пееше „Let it go“

    spot_img

    Амелија Анисович (7), која го трогна светот откако во засолништето ја отпеа „Let it go“, во неделата на стадион во Полска ја пееше украинската химна.

    Да потсетиме, на почетокот на март на Твитер беше објавено видео во кое Амелија ја пее „Let it go“ во бункер во Киев, песна од омилената детска серија „Frozen“.

    Таа трогна многумина со својата изведба. Подоцна беше објавено дека Амелија, по шест дена поминати во засолништето, се упатила кон Полска. Патувала со нејзиниот брат Мишо (15), а до Полска им биле потребни два дена. Децата нашле засолниште кај нивната баба, додека мајката Лилија и таткото Роман останале во Киев.

    – Отсекогаш знаев дека Амелија е многу талентирана и сладок ангел, а сега тоа го знае целиот свет. Но, трагедијата е што таа е само ѕвезда поради толку многу смрт и уништување. Бев толку тажна кога морав да ги пуштам децата, но немаше други. Најважна ми е нивната безбедност – порачала тогаш мајката Лилија.

    Во неделата Амелија настапи на стадионот пред илјадници луѓе. Таа беше облечена во традиционален украински фустан и ја пееше украинската химна. Во неделата во Полска се одржа концерт за собирање помош за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img