More

    Девет лица, меѓу кои четири деца, загинаа во уривање на зграда во Русија

    spot_img

    Девет лица загинаа на далечниот исток на Русија во експлозија во станбена зграда кога се урнаа неколку ката, изјави локалниот гувернер Валери Лимаренко. Под урнатините има уште луѓе, до кои спасувачките служби се обидуваат да дојдат.

    Експлозијата се случи во саботата наутро во петкатница во градот Тимовоскоје на островот Сахалин.

    „Девет лица загинаа, меѓу кои и четири деца“, изјави Лимаренко за руската телевизија „Русија 24“.

    Службите за итни случаи соопштија дека неколку луѓе се уште се под урнатините и дека се во тек напорите да се дојде до нив.

    Според првичните информации, во еден од становите експлодирала плинска боца, при што дошло до уривање на еден дел од зградата. Околу 60 спасувачи се испратени на местото на несреќата за да ги расчистат урнатините, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

    Петкатницата е изградена во 1980 година и има 80 станови. Зградата не е поврзана со централизираната инфраструктура за снабдување со гас, а целосно е реновиран во 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img