More

    Граѓаните што купиле од ова млеко итно да го вратат во „Стокомак“

    spot_img

    Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека „се отповикува“ како небезбедно УХТ трајно млеко „Милкано“ со 3,2 отсто масленост поради присуство на афлатоксин М1. Агенцијата ги повика потрошувачите доколку купиле од тоа млеко со датум на трајност до 4 март 2023 година да не го пијат и да го вратат во продавницата каде го купиле.

    Во информацијата Aгенцијата дефинира за кое млеко „Милкано“ 3,2 проценти масленост станува збор:

    „Сериски број/лот- LOT FD04

    Датум на производство: 05.10.2022

    Рок на употреба: 04.03.2023

    Причина за отповикување: присуство на афлатоксин М1

    Производство: МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА МИ 99 – ГРАДАЧАЦ, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, СО ОДОБРЕН БРОЈ ML 2-166

    Увозник: СТОКОМАК ДОО СКОПЈЕ, Дистрибутер: СТОКОМАК ДОО СКОПЈЕ

    Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“.

    Од „Стокомак“ вчера информираа дека купувачите можат да го вратат млекото, а дека останатите пратки од тоа млеко, односно со друг датум на производство и трајност, како и другите производи од истиот производител, се безбедни за конзумирање. Воедно маркетите поради овој пропуст ја прекинуваат соработката со оваа млекарница.

    Што е афлатоксин M1?

    Афлатоксин М1 е хемиско соединение од класата афлатоксини, односно микотоксини, кои се производ на мувла, а произлегува како реаултат за конверзија во црниот дроб на животните од фарма од афлатоксините Б/Г (Б1, Б2, Г1 и Г2). Овие афлатоксини можат да се формираат во мувлосана храна од одредени видови габи од родот Aspergillus flavus. Трансферот на афлатоксини од добиточна храна на производи од животинско потекло познат како „преносен“ ефект на микотоксините.

    Внесувањето на афлатоксини од мувлосана храна во мускулното месо или јајцата се смета за занемарливо, но не и кај млекото. Меѓутоа, по ингестијата на афлатоксин преку контаминирана храна, може да се појават мерливи нивоа на афлатоксини кај остатоците (особено црниот дроб и бубрезите) или во крвта. Поголемиот дел од афлатоксинот М1 формиран од афлатоксини Б/Г се излачуваат во млекото и урината.

    Големи дози на афлатоксинот М може да доведат до акутно труење (алфатоксикоза) што може да биде животнозагрозувачко, особено затоа што го оштетува црниот дроб. За афлатоксините е утврдено дека се и имунотоксични (го напаѓа имуниот систетм), како и генотоксични, што значи дека ја оштетуваат ДНК во гените. Афлатоксините се главен предизвикувач на канцер на црниот дроб кај луѓето во земјите во развој. Први симтоми токсикација со афлатоксин М се лошење, повраќање, стомачни болки и грчеви.

    Поради опасните ефекти на афлатоксините утврдени се гранични вредности, односно максимално дозволени нивоа во храната, во Европската унија и во многу земји низ светот. Во последниве години во Европа имало неколку значајни случаи на надминување на максималното ниво на афлатоксин М1 во млачни производи, кои беа пријавени во Европскиот систем за брза тревога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img