More

    Роман Абрамович доби забрана за престој во Велика Британија, од каде што ќе биде протеран ако се појави во својот 125 милиони фунти вреден дом во Лондон

    spot_img

    Газдата на премиерлигашот Челзи, Роман Абрамович, доби забрана за престој во Велика Британија, од каде што ќе биде протеран ако се појави во својот 125 милиони фунти вреден дом во Лондон, откако беше означен како еден од 35. руски олигарси кои го поддржуваат режимот на Владимир Путин.

    Абрамович во Британија престојувал со израелски пасош, чиј државјанин станал во 2018 година, но тоа нема да го спаси од протерување. Тој повеќе никогаш нема да може да се појави на англиско тло, нешто што однапред му било јасно, поради што со месеци се немал појавено ниту на „Стемфорд бриџ“, ниту во својот дом во лондонската елитна населба Кенсингтон.

    Богатството на Абрамович се проценува на 8,4 милијарди фунти, а неговиот имот вклучува недвижен имот, но и неколку суперјахти, од кои само една, по име Соларис, вреди 450 милиони фунти. Тој никогаш немал британско државјанство.

    Рускиот милијардер своето богатство го стекнал со продажба на недвижен имот и имоти кои биле во сопственост на државата пред распадот на Советскиот Сојуз. Фудбалскиот клуб Челзи го купи во 2003 година, по што од просечен премиерлигаш го направи еден од најуспешните фудбалски клубови во 21 век.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img