More

    Вучиќ: Одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не им дозволи на Србите да гласаат на Косово на 3 април има за цел „да ги понижи Србите“

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не им дозволи на Србите да гласаат на Косово на 3 април има за цел „да ги понижи Србите“, но и „нему и на неговата Српска напредна партија (СНС) да им го намали бројот на гласови“, јави дописникот на МИА од Белград.

    Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека српската страна вчера во разговорите околу гласањето за српските граѓани на Косово, прифатила „офицерот за врска да ѝ се обраќа на Владата на Косово, но не сакавме Владата на Србија да ѝ се обрати на Владата на Косово бидејќи тоа би значело де факто признавање на Косово“.

    Претходно, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека никогаш немал намера да обезбеди признавање на Косово од Србија преку барањето на официјален Белград до неговата Влада за одржување српски избори на територијата на Косово на 3 април.

    – Но, никој не може да бара од мене да не го признавам Косово, независноста на нашата земја – изјави Курти за косовскиот јавен сервис на 22 март.

    Вучиќ, кој вчера имаше средба со српските претставници во Белград, изјави дека очекува земјите на Квинта да ја осудат одлуката на косовските власти да не дозволат одржување на српските избори.

    Според Вучиќ, Србите од Косово ќе гласаат на изборите на 3 април во некои од градовите во Србија, како што беше случајот и со референдумот што Србија го организираше на почетокот на годината за промена на Уставот во областа на правосудството.

    Последните парламентарни избори, кои Србија ги организираше во српските заедници во Косово, беа одржани на 21 јуни 2020 година.

    Тогаш, според востановената практика, мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Косово ги собираше гласачки ливчиња.

    Оваа практика на собирање гласачки ливчиња е воспоставена во 2017 година, а за такво нешто постоеше дозвола од косовските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img