More

    Русите извесно време ја игнорираа обраќањето на холивудскиот актер Арнолд Шварценегер, но сега го нападнаа руските државни медиуми

    spot_img

    Русите извесно време ја игнорираа обраќањето на холивудскиот актер Арнолд Шварценегер, но сега го нападнаа руските државни медиуми. Говорот што тој им го одржа, меѓу другото го нарекоа и холивудска продукција.

    Актерот објави апел за прекин на војната на Инстаграм, каде го следат 22 милиони луѓе. Тој сакаше да им ја открие на Русите, како што рече, вистинската вистина за војната на Путин.

    Телевизискиот водител Вадим Гигин жестоко возврати во емисијата „Недела вечер со Владимир Соловјов“.

    – Тоа е лицето од насловните страници на американскиот империјализам и колонијализам. Тој во Калифорнија ќе ни ја каже нам, кои живееме овде… вистината – рекол тој за Шварценегер.

    Руските медиуми одлучија да му одговорат на актерот откако неговото обраќање почна да се шири на Телеграм, на кој се префрлија голем број Руси по блокадата на Инстаграм во нивната земја.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img