More

    Во 11 града нема ниту еден заболен од ковид-19

    spot_img

    Шеесет заболени и двајца починати од ковид-19 се регистрирани во денешниот билтен на Министерството за здравство.

    Направени се 842 тестови, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 16 реинфекции. Регистрирани сe 63 оздравени пациенти.

    Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56) и од Охрид (73). Едно лице починало во болнички услови, а едно во домашни во периодот од 05 мај до 08. јуни 2022 година.

    Досега во земјата се дијагностицирани лица 312.807 лица со ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 303.128, на починати е 9.320, а бројот на активни случаи изнесува 359. Во Скопје има 271 заболени, а во 11 града нема ниту еден случај со ковид-19.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img