More

    Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности

    spot_img

    Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. На територијата на Македонија голема е веројатноста за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, односно можат да достигнат и до 3°C, покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи.

    Согласно податоците на УХМР, регионалните предвидувања за врнежите се дека на целиот југоисточен регион на Европа може да има врнежи под просечните со веројатност која расте од северозапад кон исток.

    Податоците за Македонија покажуваат дека најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во август. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

    Во претстојната летна сезона, од УХРМ велат дека постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

    Многугодишниот просек во период од 1981 до 2010 година, за температурите на воздухот во летната сезона се движеле од 16°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9 милиметри измерени на метеоролошката станица во Штип и до 96,7 mm во Маврово.

    За температурата на воздухот во истиот период, во Скопје за јуни, јули и август температурите се движеле 21.9°C, 24.2° и 23.9°C. Просечната количина на врнежи во Скопје, пак, од 1981 до 2010 година за јуни, јули и август изнесува 44.0 мм, 37.6 мм и 34.4 мм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img