More

    Во следните часови и во текот на претстојната ноќ територијата на Македонија ќе биде под влијание на голем влажен воздушен бран од Медитеранот

    spot_img

    Во следните часови и во текот на претстојната ноќ територијата на Македонија ќе биде под влијание на голем влажен воздушен бран од Медитеранот. Насекаде ќе се прошират врнежи од дожд и истите на многу места ќе бидат интензивни и поројни, прогнозира меторологот аматер Славчо Попоски, чии прогнози многупати се покажале точни.

    „Локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд (над 30 л/м2), грмежи и силен ветер (над 65 км/час) и од јужен правец. Поради ваквата состојба, можна е и појава на невреме кое може да услови локални поплавувања, па токму поради ова препорачуваме крајна претпазливост!

    На највисоките планински врвови, и тоа особено на северозапад ќе има услови за врнежи од снег. Променливото време ќе се задржи и во следните неколку денови кога се очекуваат и нови поинтензивни врнежи и силен јужен ветер. Снег ќе врне само на највисоките планински места. Температурите ќе бидат нешто пониски во периодот кој што следува и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени“ – пишува Попоски на социјалните мрежи.

    Претходно Попоски прогнозираше дека Македонија денеска ќе ја зафати многу постуден воздушен бран од север, особено попладне и навечер, кога ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка на 10 до 15 цм.

    Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите значително ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели.

    Провејување на снег ќе има и во понеделник рано наутро, додека потоа до вторник следува период на стабилно и суво време со многу ниски утрински температури, кои речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, во интервалот од -8 до 1 степен.

    Нов влажен бран може да очекуваме од среда. Во Скопскиот регион снег може да се очекува само на околните планини и, локално, во повисоките предели од котлината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img