More

    Во Скопје приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Осомничениот е приведен на територија на Скопје.

    За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.

    „Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена“ соопшти МВР.

    Дваесет и седумгодишниот хрватски ракометар, кој играше за РК Бутел, почина во петокот на скопските клиники откако претходно пред дискотеката „Централ парк“ беше претепан од три лица – 22-годишниот А.К., 19-годишната К.Л и 28-годишниот А.Ѓ, кој беше во бегство и за кого беше распишана и меѓународна потерница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img