More

    Во Охрид ќе започне изградбата на плоштадот „Крушевска Република”, капитален проект вреден 47 милиони денари

    spot_img

    Во Охрид ќе започне изградбата на плоштадот „Крушевска Република”, капитален проект вреден 47 милиони денари, како и целосна реконструкција на улицата „Гоце Делчев”, проект тежок 36 милиони денари – најавија градоначаникот на Охрид Кирил Пецаков и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Промените на дело” во организација на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

    Според проектот, плоштадот, кој е познат и под името „Стар Чинар“, ќе добие нов, современ лик, со нова уурбана опрема, клупи, канделабри, лед светилки, канти за отпадоци. На овој простор претходно се вршеа археолошки истражувања, за да се види дали и какви историски артефакти има. Проектот беше најавуван и за време на изборите.

    – Иако градот наследи големи долгови, најдовме начин да вратиме добар дел од нив, но и реализиравме вистински проекти за Охрид. Веднаш започнавме со проектот за реконструкција на „Македонски просветители” во центарот на градот, со што се направи целосно автентичен лик на центарот на Охрид – изјави градоначалникот Пецаков.
    Тој додаде дека за следната година се предвидени повеќе зафати во образованието, во културата, спортот и екологијата. Ќе има уште повеќе инфраструктурни проекти во канализации, асфалтирање и поплочување.

    – Би ги издвоил проектите за целосната реконструкција на улицата „Гоце Делчев”, и реконструкцијата на плоштадот „Чинар”, нацрт-закон за Студенчишко блато, подготовка за прогласување на Охридското езеро за споменик на природата, дислокација на депонијата во Буково, изградба на прочистителни станици во селото Трпејца, Љубаништа и Горно и Долно Лакочереј – најави градоначалникот на општина Охрид.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека општина Охрид не е само туристички центар, туку колевка на македонската историја и духовност.

    – Охрид не е само град на езеро, не е само туристички центар, Охрид е душата на Македонија, колевка на македонската историја и духовност. Охрид нема да застане да ги живее промените, предизвикани со чесна и одговорна работа – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img