More

    Вештакот на Јавното обвинителство тврди дека софтверот на Рашковски е целосно нефункционален

    spot_img

    Софтверот за Министерството за внатрешни работи (МВР) на Драги Рашковски е нефункционален, а требаше да мери брзина.

    Вештакот на Јавното обвинителство, Мане Пиперевски, се обидел да го тестира софтверот на Рашковски ама уште на самиот старт кога го вклучил, му се појавила грешка која според упатството не можела да се надмине.

    Пиперевски тврди дека во доставената документација од Владата за софтверот, лозинката не била точна, па вештакот морал преку адвокатите на обвинетите да дознае која е точната лозинка за да може да го отвори системот.

    – По инсталирањето се појави грешка поради која не можеше софтверот да се стави во функција и да се продолжи со детална проверка на неговите функционалности. Од таа причина, заклучувам дека софтверот не е функционален, конфигуриран согласно техничкото упатство, дадени на ЦД-то. Бидејќи софтверот не влезе во функција не можеше да се отиде на терен, за да се испитаат условите од наредбата на јавниот обвинител – кажа вештакот Пиперевски.

    Со оглед на тоа дека софтверот не функционира, вештакот вели дека ниту едно од барањата во тендерот не е исполнето. Дополнително, тој ги поби тврдењата на одбраната дека софтверот може да се користи на секаков вид камери, бидејќи како што кажа Пиперевски пред судот, со неставањето во функција софтверот не е целосно завршен.

    Вештакот е дециден дека иако Рашковски барал, Станчев не испорачал софтвер кој ќе има безбедносни стандарди со оглед дека податоци се зачувувале на интернет.

    – Тој не може да работи со други камери, освен со тие (четири камери) подигнати од Влада. Дојдов до констатација дека софтверот не функционира за целта за која е изработен – додаде тој.

    Рашковски со прашања до вештакот сакаше да укаже дека тој нема искуство да тестира ваков софтвер и дека воопшто не станува збор за грешка.

    – Грешката има мајка и татко – не може да воспоставиме конекција со „Гугл мапс“. Тоа не е некаква грешка за која треба да влегувате во кодот, туку грешка која се отклонува… – рече Рашковски.

    Откако во јавноста се дозна дека Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, од МВР кажаа дека воопшто немале потреба од таков систем и не знаеле ништо за набавката која си ја спровел генералниот секретар.

    Според обвинението, Рашковски како генерален секретар во Владата, потпомогнал тендерот за набавка на софтвер за МВР, да го добие „ИВОКА ГРУП“  на обвинетиот Даниел Станчев. Фирмата на Станчев го набавила софтверот и ги зела парите, ама обвинителството тврди дека е нефункционален. Освен за ова, Рашковски се товари дека соработниците му биле и хонорарци во Владата, а владините пари му ги враќале на рака на владиниот секретар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img