More

    Бугарскиот Талат играше клучна улога за кревање на ветото

    spot_img

    Со 125 гласа „за“, 113 „против“ и 1 „воздржан“, денеска беше изгласана интерпелација за претседателот на бугарското Собрание, Никола Минчев, кој важи за близок соработник на бугарскиот премиер Кирил Петков.

    Оваа навидум не толку важна информација за Македонија, всушност, е клучна за понатамошниот тек на настаните во поглед на евентуалното кревање на бугарското вето во јуни годинава, особено откако БГНЕС денеска пласираше информација дека бугарскиот премиер на 23 јуни наводно ќе ја крене рампата за Македонија на патот кон Европската Унија.

    Така барем тврди поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој во разговор за Плусинфо вели дека ако Минчев останеше на позицијата претседател на бугарското Собрание и ако интерпелацијата беше неуспешна, тогаш бугарскиот премиер Петков ќе се закитеше со многу посилен легитимитет кога се работи за потегнување важни политички потези, вклучително и прашањето дали во јуни ќе биде кренато ветото.

    Но, сега, откако Минчев е разрешен од функцијата, појаснува Милошоски, владата на Петков практично нема мнозинство во Собранието, иако тоа не значи дека опозицијата автоматски стекнала мнозинство.

    – Според Уставот, може да се направи обид за формирање ново мнозинство и нова бугарска влада, но доколку не се успее, тогаш бугарскиот претседател Румен Радев ќе формира службена влада и дефинитивно ќе се оди на предвремени избори. Од друга страна, кога зборуваме за евентуалното кревање на ветото, премиерот Петков рече дека каков предлог и да пристигне, тој веднаш ќе оди на разгледување во Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание. Логично и демократски би било ако и нашиот премиер Димитар Ковачевски, којшто сигурен сум дека веќе има увид во францускиот предлог, го достави предлогот до македонската Комисија за надворешна политика и да дискутираме на таа тема. Во моментов навистина не би можел да одговорам зошто бугарскиот премиер практично би ја жртвувал својата политичка кариера само за да го крене ветото за Македонија, но тука станува збор за внатрешни бугарски политики – објаснува Милошоски.

    Разликата помеѓу Петков и другите бугарски политичари, додава Милошоски, е во тоа што дел од политичарите заговараат долго вето и долга блокада без почеток на преговори за Македонија, додека, пак, премиерот најавува краткорочно кревање на ветото, а потоа долги блокади на рати, за време на предолгите преговори со ЕУ.

    – Разликата, според мене, не е суштинска. Станува збор за тактичка разлика. Содржината на барањата од сите политички партии од Бугарија е скоро идентична и не се разлика од позицијата што се темели на нивната собраниска рамковна декларација од 2019 година. Затоа, од денешна гледна точка, не ни можам да кажам дали во јуни треба да очекуваме кревање на блокадата. Многу се измешани работите во Бугарија и не би можел да прогнозирам – објаснува Милошоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img