More

    Брод со укаинско жито се насука кај Истанбул

    spot_img

    Товарен брод со повеќе од 3.000 тони пченка од Украина вчера се насука во Истанбул, поради што беше запрена пловидбата во Босфор.

    Ова е прв ваков инцидент по потпишувањето на договорот во јули за извоз на жито од блокираните украински пристаништа.

    Канцеларијата на гувернерот на Истанбул и бродската компанија соопштија дека 173-метарскиот брод „Лејди Зехма“ бил безбедно закотвен по дефект на кормилото околу 16 часот по средноевропско време.

    Во инцидентот нема повредени.

    По потпишувањето на договорот на 22 јули меѓу Киев и Москва со посредство на ОН и Анкара, беа деблокирани три украински црноморски пристаништа за извоз на жито.

    До средата, согласно договорот, од Украина се извезени 1,55 милиони тони жито и други прехранбени производи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img