More

    Британската влада потпиша наредба за екстрадиција на Џулијан Асанж

    spot_img

    Британскиот секретар за внатрешни работи Прити Пател потпиша наредба за екстрадиција на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во Соединетите држави, објавија Си-Ен-Ен и Гардијан.

    Врховниот суд на Велика Британија претходно пресуди дека нема дилеми како американските власти ќе се однесуваат кон него.

    Се очекува тимот на Асанж да поднесе жалба и да се фокусира на правото на слобода на изразување и дали барањето за екстрадиција е политички мотивирано.

    Пател размислуваше дали барањето за екстрадиција во Соединетите држави ги исполнува преостанатите правни тестови, вклучително и ветувањето дека нема да го погубат.

    Портпаролот на Министерството за внатрешни работи рече: „Согласно Законот за екстрадиција од 2003 година, државниот секретар мора да потпише налог за екстрадиција доколку не постојат основи за забрана за издавање наредба. Барањата за екстрадиција се испраќаат до министерот за внатрешни работи само кога судијата ќе одлучи дека може да продолжи откако ќе разгледа различни аспекти на случајот. На 17 јуни, по разгледувањето и од Судот за прекршоци и од Високиот суд, беше наредена екстрадиција на г-дин Џулијан Асанж во Соединетите држави. Асанж го задржува нормалното 14-дневно право на жалба. Во овој случај, судовите во ОК не утврдија дека екстрадицијата на Асанж би била угнетувачка, неправедна или навредлива. Ниту, пак, открија дека екстрадицијата би била некомпатибилна со неговите човекови права, вклучувајќи го и правото на правично судење и слободата на изразување, и дека додека е во Соединетите Држави тој ќе биде соодветно третиран, вклучително и неговото здравје“.

    Асанж беше баран во САД врз основа на 18 кривични пријави, откако Викиликс објави илјадници доверливи досиеја и дипломатски пораки во 2010 година. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img