More

    Борис Џонсон се наоштри во британскиот Парламент

    spot_img

    Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон ги увери своите сопартијци од ториевците дека ќе се бори со нокти и заби за да ја задржи сегашната функција во свои раце, а дека ќе биде потребна цела дивизија тенкови, бидејќи не планира да даде оставка, пишува РусијаДенес.

    – Тој многу јасно кажува дека ќе мора да испратат дивизија Панцир за да го извлечат од таму – рекол висок советник цитиран од Тајмс во саботата за односот на Џонсон кон тековниот бунт во Конзервативната партија.

    Во меѓувреме, противниците на Џонсон сакаат да одржат гласање за недоверба на Парламентот и да го соборат. Потребна ќе им биде поддршка од најмалку 54 пратеници, кои ќе испратат формални писма преку кои ќе треба да се распише гласање за недоверба. Според упатените, најмалку 35 ториевци веќе го сториле тоа, а попесимистичките аналитичари велат дека бројот може да надмине 50, пишува весникот.

    Има сомневања дека државниот канцелар Риши Сунак, кој јавно го бранеше Џонсон, можеби прави заговор зад неговиот грб, се додава во извештајот.

    Џонсон се најде на удар по наводите дека врвните функционери на Конзервативната партија, вклучително и тој, ги прекршиле ограничувањата на „ковид-19“ и организирале забави на Даунинг стрит. Тоа се случувало во ист период кога Џонсон често даваше изјави дека се жртвува за да ја задржи пандемијата за да не се шири во Британија „преку заливот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img