More

    Борисов може да предводи малцинска влада

    spot_img

    Една од опциите по предвремените парламентарни избори да се создаде надпартиска влада во Бугарија. Бојко Борисов нема да формира влада по секоја цена и сите партии ќе си прават калкулации за локалните избори во Бугарија, кои ќе се одржат за една година, смета бугарскиот политиколог Димитар Ганев од агенцијата „Тренд“.

    Според Ганев, доколку Бугарија повторно излезе на избори во јануари, резултатите нема да бидат многу различни и истите политичари ќе мора заедно да седнат на преговарачка маса.

    Според социологот Андреј Рајчев, ГЕРБ не може, а да не се обиде да формира коалиција. Со овој резултат и недоволното мнозинство за самостојна изборна победа, тој не може, а да не се обиде да формира влада, бидејќи ќе се изложи пред своите гласачи. Рајчев вели дека коалиција не е можна без „Движењето за права и слободи“, бидејќи тие имаат сериозен резултат. Според Рајчев, кон ГЕРБ може да се приклучи и партијата на Стефан Јанев „Бугарски подем”. Тој не ја исклучува можноста и бугарските социјалисти да влезат во евентуалната владина коалиција.

    Според него, лидерот на ГЕРБ ќе бара поширока поддршка, со откажување од премиерската функција и предлагање привремена влада.
    Рајчев смета дека клучот за формирање на идната власта е во џебот на лидерот на „Демократска Бугарија” Христо Иванов и под кои услови би ја поддржале владата.

    Најверојатно ГЕРБ ќе формира малцинска влада во Бугарија, која ќе се потпира на поддршката на Народното собрание во период од една година, до локалните избори во есента 2023 година, за да се избегнат нови избори во јануари, коментира Рајчев.

    Инаку, со обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, најмногу гласови на изборите во Буѕгарија доби коалицијата ГЕРБ-СДС со 25,37 отсто (632.097 гласови). Во парламентот влегуваат седум политички формации. Коалицијата „Продолжуваме со промените” е на второто место со 20,21 отсто (503.549 гласови). На трето место е „Движење за права и слободи – ДПС” со 13,66 отсто (340.211 гласови). По нив следува партијата „Преродба” со 10,17 отсто (253.321 глас), а по неа е „БСП за Бугарија” со 9,32 отсто (232.101 глас). „Демократска Бугарија – обединување” има 7,46 проценти (185.753 гласа) и „Бугарски подем” – 4,64 проценти (115.588 гласови). „Има таков народ” доби поддршка од 3,83 отсто од гласачите (95.505 гласа).

    Опцијата – Не поддржувам никого ја одбрале – 87.378 гласачи, покажуваат изборните резултати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img