More

    Бислимоски порача дека инвестициите се излез од енергетската криза

    spot_img

    Кризата во енергетскиот сектор со која се соочува цела Европа освен што на јавноста ѝ го откри вистинското значење на енергетската независност, во исто време ги стави инвестициите во енергетиката во фокус на владите при креирање на буџетите, истакна претседателот на Бордот на регулатори на Енергетската заедница и претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на Енергетскиот самит што се одржува во Неум, Босна и Херцеговина.

    – Ако одговор на пандемијата е вакцинацијата, тогаш единствен одговор на енергетска криза се инвестициите. Европа, но и Балканот се покажаа како ранливи кога се во прашање енергенсите. Цените на берзите вртоглаво растеа и растат најпрвин на електричната енергија, на природниот гас, а сега и на нафтените деривати и морам да кажам дека далеку сме од стабилизација. Сега се поставува прашањето кое ценовно ниво ќе го прогласиме за нормално. Убеден сум дека повеќе никогаш нема да се вратат претходните цени на енергенсите – рече Бислимоски.

    Затоа, како што нагласи тој, мора инвестициите во енергетиката да се во прв план кога државите ги кројат буџетите.
    – Дополнително, стратегиите за енергетика мора да ги разработат и геополитичките аспекти кога енергетската независност е во прашање, а праведната транзиција да биде спроведувана одмерено и претпазливо. Ние сите сакаме да влеземе поенергично во процесот на декарбонизација што значи подобра животна средина, но се соочивме со апсурдна состојба да се враќаат во погон постројките на јаглен низ цела Европа затоа што недостасуваше енергија поради геополитички причини. Се враќаме на она дека најскапа енергија е онаа која ја нема. Сакам да потенцирам дека во овој процес мора да се помогнат ранливите категории. Ние како регулатор покренавме инцијатива и таа се реализираше – се прошири опфатот на лица кои добиваат финансиска помош за сметките за електрична енергија и парно. Претходно инициравме и да се намали стапката на ДДВ во сметките кои ги добиваат домаќинствата – истакна Бислимоски.

    Тој потенцираше дека треба паралелно да се работи и на инвестициите во енергетиката, но и рационално да се користат енергенсите.

    Како што посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика, Енергетскиот самит во Неум, Босна и Херцеговина е во организација на УСАИД, УНДП, ЕУ делегација на Босна и Херцеговина и ГИЗ. Клучни регионални и меѓународни експерти од енергетската област дебатираат за предизвиците на пазарот на електрична енергија и степенот на спроведување на реформи во време на енергетска криза, како и состојбата со природниот гас и улогата на обновливите извори во време на праведната транзиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img