More

    Бектеши предупреди дека не очекува тешка зима

    spot_img

    Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Северна Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид.

    Бектеши кажа дека се прават подготовки за зголемување на производството со цел да се избегнат рестрикции.

    – Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството и согласно нивниот доставен план веќе е зголемено производството. Во однос на цените најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во делот на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако дека сите треба да бидеме свесни и посветени да се обидеме да заштедиме што повеќе елетрична енергија зашто ова не е криза само на Северна Македонија, ова е глобална криза – истакна Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img