More

    Бектеши и Арсовска се „спукаа“ за БЕГ

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши обвинува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска нема капацитет да го реши парното и да се справи со енергетската криза.

    – Пред неколку месеци, поточно пред шест месеци, имавме голема криза заради цената на гасот која енормно растеше на светски берзи и имаше опасност скопјани да останат без парно греење. Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат „решение“ како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија – вели министерот.

    Тој посочи дека тогаш владата успеала да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно.

    – Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните. Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со „решение“ за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту волја да се справат со оваа ситуација. Сакаме да ги увериме скопјани и покрај неодговорноста на градоначалничката, скопјани и сите граѓани да бидат спокојни бидејќи навремено ги преземаме сите неопходни мерки кои обезбедуваат непречено и континуирано снабдување со парно греење, како и со електрична енергија во услови на светска економска криза – посочува Бектеши.

    Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска остро му одговори на министерот за економија Крешник Бектеши во врска со парното греење во главниот град. Арсовска жали што „Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите“.

    – БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност. Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики – напиша Арсовска на Фејсбук.

    Градоначалничката на крајот додаде: „Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си поднесе оставка“.

    Претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски пред неколку дена изјави дека тече постапката за одземање на трите лиценци за работа на БЕГ. Бислимовски посочи дека БЕГ всушност и должи на државата и затоа според него, најдобро би било државата да го преземе управувањето. Ако тоа не се случи, ќе треба да се распише тендер на кој ќе се бара фирма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img