More

    Бајден со предупредување до Ердоган,или прекин на соработка со Русија или нема авиони за Турција

    spot_img

    Соединетите Американски Држави ја предупредија Туркије да не ја проширува соработката со Русија во областа на одбранбената индустрија, по вчера соопштените најави за нов договор меѓу Анкара и Москва за испорака на руски ракетни системи „С-400“, објави во електронското издание турскиот весник „Сјозчу”.

    „Во ситуација кога руската брутална и неоправдана војна против Украина, сега повеќе од кога било од витално значење е сите држави да избегнуваат соработка со рускиот одбранбен сектор“, ја пренесува весникот изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

    „Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи, но не ни е познато дали има нов развој на настаните по прашањето“, вели тој.

    Прајс не рече дали втора испорака руски противвоздушни ракетни системи „С-400“ ќе ја натера администрацијата на претседателот Џо Бајден да ги преиспита своите планови за продажба на воени авиони од типот „Ф-16“ на Туркије.

    Руската агенција „ТАСС“ вчера го цитираше Дмитриј Шугаев, шефот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка (ФСВТС), кој рече дека е потпишан договор за испорака на повеќе противвоздушни ракетни системи „С-400“ на Туркије, при што документот исто така предвидува и локално производство одделни компоненти за системот.

    Подоцна извори од турското Министерство за одбрана по повод таквата информација појаснија дека не станува збор за нов, туку за спроведување на првично склучениот договор, пренесе турскиот телевизиски канал „ТРТ Хабер“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img