More

    Арктикот се загрева речиси четири пати побрзо од глобалниот просек

    spot_img

    Глобалното затоплување предизвикано од климатските промени влијаеше на Арктикот многу позначајно отколку што се мислеше, велат финските научници.

    Според новото истражување на научниците од Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки, арктичкиот регион се загреал речиси четири пати побрзо од глобалниот просек во последните 43 години.

    Некои области на Арктичкиот Океан се загреале седум пати побрзо од планетата како целина. Климатските модели досега го прецениле ефектот на таканареченото поларно засилување, според научникот Мика Рантанен.

    Минатите студии покажаа дека Арктикот се загрева двојно побрзо од другите области, додека работната група на Арктичкиот совет со седиште во Тромсо, Норвешка, во март 2021 година објави дека просечниот пораст на температурата на Арктикот помеѓу 1971 и 2019 година бил 3,1 степени Целзиусови и околу три пати повеќе од глобалниот просек.

    Финските научници ги припишуваат повисоките бројки на силното и постојано затоплување на Арктикот, но и на дефиницијата за Арктикот – целата област која се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг, како и на фактот дека тие собирале податоци од 1979 година – годината кога подетални станаа достапни сателитски снимки.

    Според научниците, степенот на поларното засилување е последица на климатските промени предизвикани од човековата активност, како и природните долгорочни климатски флуктуации. Двата фактори силно зајакнаа во текот на изминатите 43 години, велат тие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img