More

    Апостолоски: Град Скопје поднесе 4 кривични за поранешни вработени

    spot_img

    Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на официјален веб портал на Градот, кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип услуга која не била реализирана како што било предвидено, соопшти денеска Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност на Град Скопје.

    Поради тоа Град Скопје поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ.

    – Викторија Аврамовска Мадиќ од Скопје во својство на Секретар на град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во периодот од 2018 до 2020 година, потврдила дека во целост е реализиран договор за изработка на официјален портал на град Скопје со миграција на постоечките податоци и дигитална платформа за интерконекција и управување со веб содржини и постапувајќи несовесно во вршење на своите овластувања и должности, потврдила дека е извршено предавање на платформа и прилагодување на порталот кои активности се предмет на реализација на склучен договор иако знаела дека не е испорачанo IBM ESB – рече Апостолоски.

    Тој вели дека не е извршена целосна миграција на податоци од постојната веб страна на град Скопје и дека не е предаден порталот за што останатите пријавени со свои потписи потврдиле дека се извршени и предадени поединечните фази од наведениот проект, иако знаеле дека не се испорачани и иако им било познато дека договорот не е во целост реализиран.

    – Пријавените Никола Трајковски, Ваљон Салиху и Викторија Аврамовска Мадиќ искористувајќи ја својата службена положба, сепак потпишале и одобриле исплата на вкупната вредност на договорот во износ од енормни 4.717.640 денари или над 75.000 евра за услуга која не е целосно извршена и испорачана на Град Скопје согласно договорот, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист за друг и нанеле штета на буџетот на Град Скопје – додаде Апостолоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img