More

    Алесандро Микеле го напушта „Гучи“

    spot_img

    Креативниот директор на модната куќа „Гучи“, Алесандро Микеле, одлучи да ја напушти компанијата по 20 години поминати таму, објави матичната компанија „Керинг“.

    Алесандро Микеле го напушта „Гучи“ по седум години како креативен директор, изјавија анонимни извори за WWD.

    Алесандро ова го објави на својот Инстаграм профил.

    „Има моменти кога патиштата се разминуваат поради различните перспективи што ги има секој од нас. Денес за мене се завршува едно несекојдневно патување, кое трае повеќе од дваесет години, во компанија на која неуморно ѝ ја посветив сета моја љубов и креативна страст. Во овој долг период „Гучи“ беше мојот дом, моето посвоено семејство. На ова пошироко семејство, на сите поединци кои се грижеа и ја поддржуваа, ја упатувам мојата најискрена благодарност, мојата најголема и најсрдечна прегратка. Заедно со нив посакував, сонував, фантазирав. Без нив, ништо од она што го направив немаше да биде возможно. Им ги испраќам моите најискрени желби: да продолжат да ги негуваат своите соништа, суптилноста и нематеријалноста што го прави животот вреден за живеење. Продолжете да се негувате со поетски и инклузивни слики, останувајќи верни на вашите вредности. Секогаш живејте со своите страсти, водени од ветрот на слободата“, гласеше емотивната порака на Алесандро што ја сподели на својот инстаграм-профил.

     

    Еден од изворите вели дека од Микеле било побарано да направи големи промени во дизајнот, но тој не го исполнил тоа. Друг извор тврди дека претседателот и извршен директор на „Керинг“, Франсоа-Анри Пино, размислува за „промена на темпото“ на ѕвездата на „Гучи“.

    Интервенцијата на Пино во работата на клучните брендови „Керинг“ не е нова, бидејќи минатиот ноември тој го отпушти креативниот директор на „Ботега Венета“ Даниел Ли и покрај неговиот голем придонес за брендот и успехот кај критичарите.

     

    Микеле изгради ѕвездена репутација благодарение на новиот, андроген имиџ со кој го освежи брендот по софистицираната џетсетерска естетика што ја негуваше неговата претходничка Фрида Џанини. На овој начин тој ја приближи модната куќа до помладата публика, а по неговото назначување во 2015 година, „Гучи“ забележа раст од над 35 отсто во пет последователни квартали.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img