More

    Актерот Шон Пен го даде првото интервју по напуштањето на Украина

    spot_img

    Актерот и режисер Шон Пен, кој до неодамна престојуваше во Украина каде го снимаше документарецот, го даде своето прво интервју по напуштањето на државата.

    Пен првото интервју по напуштањето на Украина го даде за Си-ен-ен, а во разговор со Андерсон Купер го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кој се состанал еден ден пред инвазијата и на самиот ден на инвазијата, за храброст и достоинство.

    – Ми беше јасно дека бев во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за модерниот свет во смисла на храброста, достоинството и љубовта. Тоа беше прекрасен момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и восхитен од него и преплашен за него и Украина – рекол актерот и ги повикал гледачите да ѝ помогнат на Украина.

     

    Пен додал и дека неговата непрофитна организација „Community Organized Relief Effort“ прави сè што може за да им помогне на луѓето во Украина, па им дистрибуираат основни работи за живот, а дури и парична помош.

    Актерот раскажал и како животот на Украинците се сменил од темел и дека сега живеат во „нова реалност“:

    „Многу луѓе, многу од нив ги напуштија своите работни места, тоа е сега нивната нова реалност“, изјавил Пен кој ја пофалил и канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски за пречекот поради неговото доаѓање во Украина за на светот да ја раскаже вистината за Украина и додал дека мисли дека Владимир Путин нема брзо да се повлече.

    Да ве потсетиме, Шон Пен веќе со месеци се занимава со документарци за тензиите меѓу Русија и Украина, а пред две седмици престојуваше во Украина.

    „Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца и ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за цело човештво“, изјави Пен откако ја видел состојбата во таа земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img