More

    Актерот Вил Смит ја напушти американската Академија на филмски уметности и науки

    spot_img

    Актерот Вил Смит ја напушти американската Академија на филмски уметности и науки откако на доделувањето на Оскарите му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, пишува Variety.

    – Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и на победниците им ја ускративн можноста да слават и да биде прославени поради нивната извонредна работа“, стои во изјавата на американскиот актер.

    Смит признава дека самиот негов чин ја засенил и самата Академија на доделувањето на наградите.

    „Го напуштам своето членување во Академијата и ќе ги прифатам сите идни последници коишто Комисијата ќе ги смета за соодветни. Листата на оние кои ги повредив е долга и го вклучува и Крис, неговото семејство, многу мои драги пријатели и саканите, сите присутни и светската публика дома“, напишал Смит.

    Тој на 94-то издание на доделувањето на Оскарите го удри комичарот Крис Рок, водител на церемонијата, откако овој се пошегува солено на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет во врска со тоа што таа поради алопеција нема коса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img