More

    Шеикот замавна по навивачката, тоа не и се допадна на сопругата, урнебесните реакции на интернет

    spot_img

    На натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија (1:0) се случи несекојдневна ситуација во свечената ложа.

    Шеикот во еден момент весело и замавнал на бразилска навивачка која ја снимала толпата, што благо кажано не и се допаднало на неговата сопруга.

    Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика вистинска лавина од коментари.

    Шеикот Хамад бих Калифа ал Тани е поранешен емир на Катар, а неговото богатство е нешто помалку од две милијарди долари.

    На неговата сопруга Моза бинт Насер не и се допадна потегот на нејзиниот сопруг, кој го сметаше за флерт со навивачка, па го пресече со поглед.

    И додека после тоа емирот сигурно не се забавувал толку многу, корисниците на социјалните мрежи се забавувале во коментарите.

    „Мислам дека нема да се насмее кога ќе дојде дома“, беше најчестиот коментар. Наскоро беа направени и монтажи на овој момент бидејќи парот е многу познат во арапскиот свет.

    Моза е позната како дама со префинет стил, а во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот. Таа импресионираше со самата нејзина појава на натпреварите од Светското првенство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img