More

    Хеликоптерска несреќа во регионот на Киев, меѓу 16 загинати има министер и три деца

    spot_img

    Хеликоптер се урна денеска во близина на градинка и станбена зграда во украинскиот град Брвари во Киевската област, изјави Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена управа во Киев, пренесе Си-Ен-Ен. Украинските власти соопштија дека во хеликоптерската несреќа загинале 16 лица, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи и три деца. Претходно беше соопштено дека се повредени 18 лица, но нешто по пладне таа бројка беше ревидирана.

    Украинската агенција Униан ја пренесува изјавата на началникот на Националната полиција Игор Клименко, кој објави дека во хеликоптерска несреќа загинале министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик и државниот секретар.

    Вкупно 16 лица загинаа, меѓу кои и три деца. 29 лица се хоспитализирани, меѓу кои десет деца, јави Си-Ен-Ен.

    Во хеликоптерот имало вкупно девет лица, а сите од леталото загинале.Девет од досега идентификуваните 16 жртви на хеликоптерската несреќа во Бровари се локални жители кои „ги носеле децата во градинка“, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на администрацијата на украинскиот претседател.

    Сите девет лица во хеликоптерот загинаа во несреќата, а официјалните лица објавија дека бројот на загинати е 16 во нивното последно ажурирање.

    Сепак, тој број може да се зголеми, смета Алексиј Кулеба, шеф на воената администрација на регионот Киев.

    „Во моментов нема информации за бројот на исчезнати деца“, изјави Кулеба за новинарите на местото на несреќата.

    „Во тек е идентификација. Пристигнуваат родители, се прават списоци.

    Нема информации што се случило и зошто паднал хеликоптерот, како и каде се движел.

    Брза помош, полиција и пожарникари се на терен, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img