More

    Со звуци на секс ја саботираа емисијата на Гери Линкер

    spot_img

    Преносот во живо на Би-Би-Си за натпреварот од ФА Купот помеѓу Вулверхемптон и Ливерпул беше саботиран од очигледна порнографска шега во вторникот вечерта во Велика Британија.

    Во бизарен инцидент, Гери Линекер го привршуваше натпреварот во живо од реваншот на стадионот Молине, кога беше прекинат од нешто што звучеше како секс звуци што доаѓаа од студиото.

     

     

    Поранешниот играч на Англија изгледаше збунет од вревата во студиото, шегувајќи му се на колегата водител Алан Ширер: „Не знам кој ја прави таа врева… Во ова студио се слуша, исто така е малку бучно. Не знам дали некој праќа нешто на нечиј телефон, дали е шега. Не знам дали вие исто така го слушнате дома“.

    По повеќекратните прекини, тој се сврте кон експертот Дени Марфи и се насмевна: „Ќе престанеш ли да ги испушташ тие звуци, Дени“. Марфи одговорил: „Тоа не сум јас“.

    Подоцна Линекер на Твитер објави слика од телефон, за кој рече дека бил залепен на задниот дел од сетот како очигледен чин на саботажа.

     

     

    „Претпоставувам дека нема ништо за жалење“, додаде тој во друг твит со скриншот од трендот на покривањето на Би-Би-Си на Твитер.

    Даниел Џарвис, комичар на Јутуб, подоцна тврдеше дека тој стои зад шегата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img