More

    Сите тенкови горат, a нуклеарниот часовник отчукува, порача Кремљ

    spot_img

    Германската влада денеска официјално ја потврди испораката на 14 тенкови „Леопард 2“ во Украина и издавањето дозвола за испорака на тенкови на други земји. Оваа одлука ја соопштил канцеларот Олаф Шолц по седницата на Владата.

    „Оваа одлука ја следи нашата линија на поддршка за Украина и ние продолжуваме да дејствуваме во тесна меѓународна соработка”, наведува Шолц во соопштението.

    Се очекува Шолц попладнево на седницата на Бундестагот и официјално да ја потврди одлуката.

    Критики: „Се вовлекуваме директно во војната“

    Германските политичари со големо мнозинство ја поздравија одлуката за испорака на тенкови „Леопард” во Украина, а критиките доаѓаат од екстремната левица и десница.

    „Предолго ја чекавме одлуката, таа беше донесена макотрпно, но на крај таа е неизбежна”, рече претседателката на Комисијата за одбрана на Бундестагот Мари-Агнес Штрак-Цимерман.

    Потпретседателката на Бундестагот и лидер на владејачката партија Зелени, Катрин Геринг-Екард преку Твитер порача: „Леопардот е слободен”.

    Членовите на опозициските партии Левица и Алтернатива за Германија (АфД) ја критикуваа одлуката за испорака како „опасна и неодговорна”.

    „Германија се изложува на опасност директно да биде вовлечена во војната”, рече претседателот на пратеничката група на АфД, Тино Чрупала.

    Руска амбасада: Германија ја игнорира својата „историска одговорност”

    Руската амбасада во Германија соопшти дека со одлуката да одобри испраќање тенкови „Леопард 2″ во Украина, Берлин ја занемарува својата „историска одговорност кон Русија, што произлегува од нацистичките злосторства за време на Втората светска војна”.

    Од Амбасадата посочуваат дека одлуката ќе доведе до „ново ниво на ескалација на конфликтот”.

    Оваа исклучително опасна одлука ќе го доведе конфликтот на ново ниво на конфронтација и е во спротивност со изјавите на германските политичари дека Германија не сака да биде вовлечена во него“ – соопшти амбасадорот Сергеј Нечаев.

    Песков: Сите тенкови горат

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на дневниот брифинг ги коментираше најавите дека САД ќе испратат тенкови „Абрамс” за Украина.

    – Тоа ќе биде фрлање пари. Сигурен сум дека многу експерти ја разбираат апсурдноста на оваа идеја. Планот е технолошки катастрофален. Но, пред сè, тој го преценува потенцијалот што ќе го добие украинската армија. Овие тенкови горат како и сите други – рече Песков.

    Кремљ денеска исто така соопшти дека е „навистина алармантно” што „Часовникот на судниот ден” се доближил до полноќ повеќе од кога било досега, и повика на внимателност за да се спречи ризикот од нуклеарна војна.

    „Часовникот за судниот ден“ е проект кој го создаде непрофитната организација Bulletin of the Atomic Scientists за да илустрира колку човештвото се приближило до крајот на светот. Таа го помести своето „време” на 90 секунди до полноќ, 10 секунди поблиску отколку што беше во последните три години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img