More

    Почина Петре Камчевски, хроничар на Кавадарци и на Тиквешијата

    spot_img

    Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување.

    – Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија – потсетија од Музејот.

    Роден бил во 1952 година во Кавадарци. Завршил Филозофски факултет, група историја во Скопје. Работел од 1980 година во Музејот, од 1986 до 1999 и од 2004 до 2018 година беше директор.

    За време на својот работен век има објавено повеќе од 200 стручни и научни трудови, на симпозиуми, трибини и конгреси како во земјата, така и во странство. Автор е на триесетина историско тематски изложби, фељтони и слично. Учествуваше  во подготовка на неколку зборници. Автор е на неколку книги. Има изработено и неколку спомен соби. За својата работа, добитник е на три највисоки општински награди.

    Наградата најдобар музејски работник во Република Македонија ја доби во 2011 година. Беше потпретседател на Друштвото на Музејски работници 1996 – 1998 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img