More

    Покрај протестот пред Собрание, 250 полски навивачи ќе маршираат од Кеј до Лисиче

    spot_img

    Во моментите кога во Собранието ќе се расправа за францускиот предлог и за кога се очекува да биде тензично во и околу парламентот, македонската полиција ќе има уште една дополнителна задача која ќе им претставува главоболка.

    Имено, полските навивачи на Легија Гдањск кои неорганизирано и во сопствена решија дојдоа во Скопје денешниот натпревар со Академија Пандев на тренинг-центарот на ФФМ, кој треба да започне од 17 часот, си закажаа загревање, а потоа и марш дури до Ново Лисиче.

    Како што информираат симпатизерите на Легија, 250 полски навивачи на Кејот на Вардар зад ГТЦ си закажаа собиранка во „Ајриш Паб“ и најавија дека оттаму ќе маршираат во кортео сѐ до Ново Лисиче, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ.

    Опозициските партии во Македонија закажаа протест пред Собранието токму во терминот кога и полските хулигани ќе се собираат, па ги повикаа своите приврзаници од 12 и 13 часот да дојдат за да го искажат незадоволството од францускиот предлог околу спортот со Бугарија.

    Иако според пропозициите, пет отсто од малиот капацитет на стадиончето на ФФМ им следуваат на полските навивачи (околу 80-на карти), тие веќе имаат обезбедени 250 влезници, што е една петтина од целиот капацитет.

    И за тоа, ултрасите на Лехија се пофалија и ги повикаа сите што доаѓаат кон Скопје или веќе се дојдени да не се грижат зашто за сите има влезница на мечот.

    Дел од ултрасите веќе и се појавија на вчерашниот попладневен тренинг на Лехија, за да им дадат поддршка на фудбалерите пред денешниот меч.

    Навивачите на Лехија пред една недела меѓусебе се испотепаа и предизвикаа прекин од 40 минути, а последен пат кога хулигани од Полска гостуваа во Скопје се случи тотален хаос во Градскиот парк, кога ривалски групи се испотепаа меѓусебе, па со македонската полиција и безмалку 1.000 потоа беа приведени, а после прекршочните казни и депортирани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img