More

    Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба за уште еден месец

    spot_img

    Парламентот на Шри Ланка денеска изгласа продолжување на вонредната состојба и покрај силните протести од главните опозициски партии, јави ДПА.

    За продолжување за еден месец на вонредната состојба гласаа 120 пратеници, 63 беа „против“, а отсутни 41 пратеник. Спикерот, кој е еден од 225-те членови на Парламентот, нема право на глас.

    Вонредната состојба беше прогласена од претседателот Ранил Викремесинге на 17 јули, откако беше назначен за вршител на должноста четири дена откако поранешниот претседател Готабаја Раџапакса ја напушти земјата поради протестите.

    Согласно Уставот, вонредната состојба треба да помине во Собранието во рок од две недели од претседателската декларација за да биде продолжена.

    Вонредна состојба беше потребна заради распоредување безбедносни сили за контрола на ситуацијата, откако бранот протести против Раџапакса повторно се фокусираше на Викремесинге откако беше назначен за претседател.

    Викемесинге, откако беше избран со гласање во Парламентот на 20 јули, ја искористи вонредната состојба за да ги разбие демонстрантите кои окупираа дел од кабинетот и комплексот на претседателот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img