More

    До кабинетот на премиерот на Шпанија е испратено писмо-бомба

    spot_img

    Шпанските власти во четвртокот објавија дека писмо-бомба со „слични“ карактеристики на она што вчера експлодираше во украинската амбасада во Мадрид, минатата недела е упатено до премиерот Педро Санчез.

    Шпанските власти во четвртокот објавија дека писмото-бомба, со „слични“ карактеристики на она што вчера експлодираше во украинската амбасада во Мадрид, е упатено до премиерот Педро Санчез минатата недела.

    МВР преку соопштение наведува дека „плико со пиротехнички материјал“ адресирано до „премиерот Педро Санчез“ е „откриено и неутрализирано на 24 ноември“ и дека за тоа се погрижило обезбедувањето на премиерот.

    Во средата вработен во украинската амбасада во Мадрид беше повреден во експлозија што се случи додека тој ракуваше со писмо.

    Вработениот се здобил со полесни повреди и самиот отишол во болница.

    Во средата навечер писмо-бомба беше испратено и до една шпанска компанија за производство на оружје, меѓу другото и ракетни фрлачи што ги донира на Киев.

    Шпанските безбедносни сили во четвртокот наутро пронајдоа трета експлозивна направа скриена во поштата во воздухопловната база во Торехон де Ардоз во близина на Мадрид, а El Mundo, како што пренесува Reuters, пишува и за четвртата пратка што била испратена до Министерството за одбрана.

    По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите украински амбасади во странство „итно“ да ја зголемат безбедноста и ја повика Шпанија да започне истрага за нападот, изјави портпаролот на Министерството.

    Шпанскиот висок суд отвори истрага за нападот како можен случај на тероризам, според судски извори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img