More

    Груби: Можно е уште денеска Владата до Собранието да ги проследи францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи

    spot_img

    Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби изјави дека е можно уште денеска Владата до Собранието да ги проследи францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи.

    Груби посочи дека Владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе ги проследи до Собранието.

    – Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи Владата за следните активности во однос на целиот пакет – изјави министерот.

    Тој рече дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност.

    – Ниту премиерот Димитар Ковачевски, ниту кој било друг министер од Владата не го поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците – рече Груби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img