More

    Во перформанс на младите од ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски, Османи и Маричиќ обвинети за велепредавство

    spot_img

    Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Собранието на Република Македонија изведе перформанс на кој ги осуди на 101 година затвор премиерот Димитар Ковачевски и министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

    – Во име на граѓаните на Република Македонија судот на народот ги осудува на 101 година затвор лицата Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ поради злоупотреба на својата позиција со цел доведување на Република Македонија во потчинета положба. Овие лица преку своите дејствија трајно ги нарушиле преговарачките позиции на државата и работеле спротивно на државните и националните интереси, прекршувајќи ги Уставот и законите во Македонија – рече Јана Марија Стефановска која имаше улога на судијка.

    Таа нагласи дека тоа што го прават овие лица води кон целосна асимилација и бугаризација на Македонија со што е понижена целата држава.

    – Овие лица, со цел да постигнат личен интерес, со умисла и свесно презеле чекори кои водат до загрозување на македонскиот јазичен идентитет, менување на историските факти за лица и настани во корист на Бугарија, со крајна цел да се спроведе асимилација и бугаризација на Македонија. Во исто време горенаведените лица, спротивно на волјата на народот кој достоинствено и масовно кажува „Не на ваквото велепредавство, спроведувале преговори за идентитетски прашања и на тој начин ги понижиле Република Македонија и народот – рече Стефановска.

    На крајот таа ги прогласи тројцата за виновни и ги осуди за велепредавство.

    – Судот на народот ги прогласува за виновни и ги осудува за велепредавство. Лицето Димитар Ковачевски го осудува на 101 година за велепредавство, лицето Бујар Османи на 101 година за велепредавство, лицето Бојан Маричиќ на 101 година за велепредавство. И не само за велепредавство, туку и за криминалот кој што го направија. Овие лица имаат право на жалба, ама немаат право на прошка од народот за распродажбата на националните и државните интереси – додаде Стефановска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img