More

    Американското разузнавање вели дека Кина спроведува широка операција

    spot_img

    Кина има флота од дваесетина шпионски балони налик на оној кој леташе на САД, а некои од нив биле пуштени во Јапонсија, Индија, Виетнам, Тајван и на Филипините, земји кои се од стратешко значење за Пекинг, дознава Си-Ен-Ен, цитирајќи претставници од американското разузнавање. Според медиумот, балоните полетале од поморска база во провинцијата Хаинан на југот од земјата. Изворите велат дека се работи за глобална операција во шпионирање.

    Балоните наводно имаат разни форми и големини, а барем шест шпионски мисии имало во САД во претходните години. Кинеските власти досега тврдеа дека тие се направени за да извршуваат метеоролошки мерења. Скандалот со американскиот претседател Џо Бајден кој неочекувано чекаше неколку дена за да го собори балонот кој прошета над копното беше проследен со информација дека таков балон бил виден и над Колумбија во Јужна Америка.

    – Ние не сме сами во ова. Веќе споделивме информации со десетици земји низ светот и од Вашингтон и преку нашите амбасади. Тоа го правиме затоа што Соединетите Држави не беа единствената цел на оваа поширока програма која го наруши суверенитетот на земјите на пет континенти – изјави Ентони Блинкен, државниот секретар на САД.

     

     

    Во четвртокот, Јапонија соопшти дека се потврдени случаи на сомнителни балони кои летале над Јапонија, вклучително и во водите во близина на југозападниот регион Кјушу во 2022 година. Токио разменува податоци со САД, рече владиниот портпарол Хироказу Мацуно.

    – Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата со најголем интерес и да собираме информации – рече тој.

    Пентагон оценува дека кинеските балони за набљудување летале над делови на САД три пати за време на администрацијата на Трамп и еднаш претходно за време на мандатот на Бајден, и избегнале веднаш да бидат откриени. Еден кинески шпионски балон „поминал покрај Хаваи и низ Флорида“ додека „го обиколил светот“ во 2019 година, според разузнавањето на американските воздушни сили, објавено од Си-Ен-Ен.

    На состанокот со Блинкен, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, беше прашан дали знаел за прелети на други членки на алијансата, но не одговори директно.

    – Она што го гледаме е дека Кина, во последните години, инвестираше многу во нови воени капацитети, вклучително и различни видови платформи за надзор и разузнавање – им рече Столтенберг на новинарите.

    – Гледаме и зголемени активности на кинеското разузнавање во Европа, повторно на различни платформи. Тие користат сателити, користат сајбер-технологија и, како што видовме во Соединетите Држави, исто така и балони. Затоа, само треба да бидеме внимателни. Треба да бидеме свесни за постојаниот ризик од кинеското разузнавање и потоа да го засилиме она што го правиме за да се заштитиме – додаде генсекот на НАТО.

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави во средата дека САД „не бараат конфликт“ со Кина и покрај тензиите околу балонот.

    – Ќе се натпреваруваме целосно со Кина, но … не бараме конфликт, и тоа беше случај и досега – рече тој во интервју за мрежата Пи-Би-Ес.

    На прашањето дали инцидентот предизвикал голема штета на односите со Пекинг, Бајден рече:

    – Не.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img