More

    Како измислената апликација за запознавање од серијата Тед Ласо стана реална

    spot_img

    Ако сте го гледале Тед Ласо, сигурно сте слушнале за измислената апликација за запознавање Bantr, а сега таа ќе стане реалност, благодарение на другата апликација наречена Bumble.

    Bumble е апликација за запознавање и социјално вмрежување направена првенствено за жени, а склучен е договор меѓу нив и сервисот Apple TV+ за да им се овозможи на нивните корисници искуството на фиктивната апликација Bantr, пишува магазинот City.

    Почнувајќи од 13 октомври, корисниците ќе можат да учествуваат во функцијата Bantr Live секоја недела, преку која двајца корисници ќе можат да се поврзат пред да ги видат фотографиите еден на друг, слично на она што го прават ликовите од серијата „Тед Ласо“ во апликацијата Bantr.

    Во оваа серија, ликовите започнуваат преписка пред да ги видат фотографиите на корисникот, што е клучен дел од заплетот во кој е вклучен ликот на Ребека Велтон. Во реалноста, новата опција треба „да ја стави личноста на прво место и да ги поврзе луѓето на забавен и опуштен начин“.

    Корисниците ќе можат да се допишуваат три минути, по што и двајцата ќе бидат прашани дали сакаат да го продолжат разговорот. Доколку и двајцата се согласат, ќе добијат опција за класичен разговор и конечно ќе можат да ги видат целосните профили, со сите фотографии. Сите овие ќе бидат достапни во САД, Канада и Велика Британија до крајот на оваа година, и тоа не е единствениот пат кога нешто од оваа серија ќе се пробие во други области.

    Неодамна, спортската видео игра ФИФА 23 го додаде фудбалскиот клуб АФЦ Ричмонд од серијата во клубовите за играње.

    Серијата „Тед Ласо“ освои 11 Еми награди, а најавена е и трета сезона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img